Украинските власти денеска ќе евакуираат цивили преку 10 хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.
„На 9-ти април се договорени десет хуманитарни коридори. Од Мариупол до Запорожје ќе може да се патува со личен превоз. Во Запорожје ќе може да се тргне од Бердјанск, Токмак, Енергодар и Мелитопол и со приватен превоз и со автобус. Ќе се изврши евакуација од Северодоњецк, Лисичанск, Попаснаја, селото Горскоје во Луганската област и Рубежне до градот Бахмут“, напиша Верешчук на социјалната мрежа Telegram.
Рускиот генерал Михаил Мизинцев, началник на Центарот за управување со одбраната на Русија, во петокот истакна дека „Москва е подготвена да воспосави хуманитарни коридори во секоја насока во Украина што е можно поскоро“.