Украина ќе извезува жито преку Полска и Романија

Украина воспостави две рути за извоз на жито, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави помошник-шефот на украинската дипломатија, Дмитро Сеник.

Сеник на безбедносниот форум во Сингапур рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена бидејќи руската инвазија го запре извозот на жито во Украина од Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените.

Пред војната, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони жито сега се наоѓаат во пристаништата поради руската блокада.

„Украина е во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна.

„Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние правиме сѐ од себе да ги развиеме овие правци“, изјави Сеник за Ројтерс, пренесува Бета.

Тој не даде детали колку жито е веќе преместено или ќе биде пренесено по овие правци.