Украина ги гранатирала централата Каховка и блискиот град

Во текот на целата измината ноќ, украинската војска продолжила со масивните гранатирања врз градот Нова Каховска и големата Каховска хидроцентрала, изјави во неделата челникот на сепаратистичките проруски власти во овој град во Херсонската област на југот на Украина, кој е присоединета на Русија.

„Ракетните и артилериските напади беа изведувани врз целата територија на градот, а не само врз хидроцентралата. Уништени се куќи, хотели, општински згради, мрежи“, изјавил шефот на локалната проруска администрација Владимир Леонтиев.

Додал дека во украинскиот напад загинале двајца цивили а уште три лица биле ранети. Притоа Леонтиев истакнува дека целта на властите во Киев е да се предизвика исклучување од системот на оваа хидроцентрала, која е значајна за снабдувањето со струја на Херсонската област, од која и покрај тактичкото повлекување од најголемиот град Херсон, руските сили сѐ уште контролираат околу70 отсто.

„Судејќи според активноста на артилеријата и бројот на ракетните удари, Украинците не ја напуштиле идејата за целосно уништување на хидроцентралата“, рекол за агенцијата РИА Леонтиев додавајќи дека и покрај оштетувањата хидроцентралата и натаму работи.

Минатата недела во украинско ракетирање од американските ракетни системи HIMARS беше погодена Каховската хидроцентрала а една од рекетите ја оштетила браната.  Големата брана кај Нова Каховка го запира Дњепар низводно од Херсон, стратешки град кон кој украинските сили се обидуваа веќе два месеца да напредуваат до пред стратешкото повлекување од градот на руските единици.

Кон средината на октомври командантот на здружената група на руските сили кои ги изведуваат борбените операции во Украина, генералот Сергеј Суровикин, предупреди дека постојат разузнавачки информации кои укажуваат на можен масивен ракетен напад врз браната на Каховската хидроцентрала.

Уништувањето на браната би поплавила големо низводно подрачје, што би довело до големо уништување во Херсонскиот регион, што како една од причините за повлекувањето од западниот брег на Херсон на неговиот источен на реката Дњепар, го наведе Суровикин.

Покрај тоа, честа цел на украинските ракетирања беше Антоновскиот мост кој ги поврзува бреговите на Дњепар за да ја спречат логистиката на руските сили, а претходно седмицава руската војска објави дека по извршувањето на пренесувањето на војнциите и техниката намерно е оштетен мостот.