Украина ги прекина дипломатските односи со Русија

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија откако Русите извршија напад рано утринава.

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава соопшти дека донел одлука Русија да започне специјална воена операција во Донбас.

Најмалку осум лица загинаа, а девет се ранети при руското гранатирање во Украина, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, во моментот кога од Киев пристигнуваат информации дека се евакуираат голем број граѓани. Бројни приватни возила го напуштаат главниот град на Украина, Киев, додека во градот се слушаат експлозии, јави дописникот на руската агенција Taс.