![sistem-Partiot](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/sistem-Partiot.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Германија ѝ го испорача на Украина одбранбениот систем „Патриот“ за да помогне да се заштити од руските ракетни напади. Системот беше наведен синоќа на веб-страницата на германската Влада во која се каталогизираат испораките на германско оружје за Украина.
„Патриот“ е еден од најнапредните системи земја-воздух во светот. Може да се користи за борба против непријателски авиони, балистички ракети и крстосувачки ракети.
Германија и САД се согласија да ѝ обезбедат на Украина еден од системите што се клучни за спротивставување на руските напади врз цивилната инфраструктура.
Украинските војници поминале низ германска и американска обука на локација во земја членка на НАТО, каде што се одржувале и заеднички вежби, изјавија за ДПА извори блиски до германската армија.