Украина ќе го ограничи снабдувањето со електрична енергија ширум земјата во четврток, откако во руските напади се онеспособени уште електроцентрали, изјави Кирило Тимошенко, висок советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Зеленски, кој претходно седмицава изјави дека во руските ракетирања се погодени 40 отсто од капацитетите на украинските електорцентрали, се сретна во средата со високите функционери на дискусијата за безбедноста на централите и можноста од откажување на енергетските системи.
„Од 20-ти октомври, ограничувањата на струјата ќе бидат спроведени во цела Украина. Денеска непријателот повторно уништи објекти за производство на струката. Почнувајќи од 7 наутро до 23 навечер, потребно е да се сведе на минимум користењето на електричната енергија Доколку тоа не биде сторен, ќе треба да се подготвиме на привремени прекини на струјата“, објави Тимошенко.
Заменикот на шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, додаде дека ќе биде ограничено уличното осветлување во градовите и порача дека станува збор за „присилни мерки“.
Украинскиот оператор со електрична енергија „Укренерго“ подоцна соопшти дека планираните ограничување на струјата ќе бидат ограничени на четвртокот додека како причина е наведен недостигот од капацитети во системот.
„Не исклучуваме дека со почетокот на студеното време нема и почесто да ја бараме вашата помош“, се наведува во пораката на „Укренерго“ до граѓаните објавена на платформата Telegram.
Во средата беше известено дека во руски напад во кој е оштетена електроцентралата на јаглен во Бурштин во регионот Ивано-Фрнковско којашто ги снабдува со три западни региони со пет милиони жители, односно повеќе од 10 отсто од предвоената популација на Украина. Истовремено беше известено и дека била оштетена енергетската инфраструктура во западниот регион Виница.
Градоначалникот на западниот град Лвов, изјави на државната телевизија дека ќе бидат потребни месеци да се поправат трафостаниците кои се оштетени изминатите денови. Градските власти најавија можни пречки во испораките на струјата додека траат поправките.
„Ќе мора да ги изгаснеме светлата, ова е принудна мерка, но мораме да бидеме економични“, изјави градоначалникот Андриј Садовиј.