Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја критикуваше во саботата мултинационалната компанија „Shell“ бидејќи купила нафта од Русија, па ја повика јавноста од големите компании да бара прекинување на сите деловни врски со руските.
Нафтениот гигант потврди во петокот дека купил нафта од Русија, но додаде дека во тој момент „немал никава друга алтернатива“.
Кулеба на Twitter ја нападна компанијата наведувајќи дека таа нафта го има „мирисот на украинската крв“.
„Shell“ ја купил нафтата откако во понеделникот објави план за продажба на уделите во заедничките проекти со рускиот гасен гигант „Gazprom“, притоа објавувајќи дека војната во Украина е „неразумна“ и „закана за европската безбедност“.
„Ги повикувам сите свесни луѓе ширум светот од мултинационалните компани да бараат прекикунува на сите деловни врски со Русија“, напиша Кулеба.
Портпаролот на „Shell“ одговори дека компанијата се обидува да ја одржува залихата на основните горива во случајот дека навреме нема да има алтетрнативни пониди на енергенсите во Европа.
Компанијата објави и дека и натаму е „згрозена со војната во Украина“ и дека ги запрела повеќето активнисто со руската нафта, но потсетува дека ситуацијата е „високо комплексна“ како и дека ќе го намалува купувањето руска нафта со појавувањето на алтернативни извори.