Две лица загинале а пет други се ранети во четвртокот откако украинските сили го гранатирале заелениот пазар во јужниот град Доњецк, главен град на самопрогласената од 2014 година проруска Доњецка Народна Република, соопшти тамошниот штаб за територијална одбрана.
„Како резултат на гранатирањето на Кировскиот регион погоден и е пазарот ‘Меркуриј’. Спред оперативните податоци, украинските минилтанти убија двајца и ранија пет цивили во Доњец на улицата Петровски“, се наведува во првичното соопштение.
Во засебан објава на социјалните мрежи, градоначалникот Алексеј Килемзин, наведува дека според прелиминарните податоци загинале тројца цивили.
Во четвртокот руското министерство за одбрана дека противвзодушната одбрана одбила украински ракетен напад изминатата ноќ чии цели во градот Херсон, од кој претходно седмицава беа принудени да се повлечат украинските сили, биле станбени области на булеварот „Ушаков“, каде што има детска градинка, училиште и социјална институција.
„На 27-ми април, околу 23 часот украинските вооружени сили изведоа масовен ракетен напад со балистичките проектили ‘Точка-У’ и повеќецевни ракетни лансери со голема моќноста врз станбени области во центарот на Херсон“, прецизираше портпаролот, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Прецизираше дека биле соборени 12 проектили од повеќецевните лансери и две ракети „Точка-У“, а една завршила во телевизискиот центар во Херсон.