![nafta rusija transneft](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/nafta-rusija-transneft.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Украинската државна компанија „Укртранснафта“ од 4-ти август го запре испумпувањето на руската нафта преку јужниот крак на нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија, Чешка и Словачка, а исто време продолжува транзитот на нафтата преку северниот крак на истиот нафтовод преку Белорусија кон Полска и Германија, потврди во вторникот советникот во дистрибутерот „Транснефт“, Игор Демин.
Од „Трансфорт“ соопшти дека на 22-ри јули на украинскиот оператор на нафтоводот „Укртранснафта“ му платил за транзитот во август, но дека парите се вратени на 28-ми јули, бидејќи уплатата не била примена.
Русија испорачува околу 250.000 барели нафта дневно преки нафтоводот „Дружба“ во Унгарија, Словачка и Чешка. Унгарските MOL и „Unipetrol“, кои контролираат PKN Orlen, се главните купувачи на руската нафта преку оваа рута, додека руските „Лукоил“, „Роснефт“ и „Татнефт“ се главните добавувачи.
Од MOL и PKN Orlen, како и од „Укртранснафта“ не одговориле веднаш на барањата за коментар од агенцијата Reuters.
„Точно, ‘Укртранснафта’ целосно престана со пумпањето нафта за Унгарија, Чешка и Словачка преку рускиот крак ‘Дружба’ од 4-ти август во 6,10 часот утрото…“, рекол Демин кого го цитира агенцијата РИА.
Како што појаснил Демин, украинската компанија ги осигурува транспортните услуги вез стопроцентно претплаќање, но при последниот обид да биде извршена уплата за транзитот, парите биле вратени на сметката на „Транснефт“.
„Газпромбанк“, којашто ги извршува платежните услуги за компанијата, ги известила во „Транснефт“ дека уплатата е вратена поради воведувањето на регулативата на Европската унија, односно седмиот пакет санкции, појаснил Демин.
Руското министерство за енергетика и тамошните компании кои испорачуваат нафта во Унгарија, Чешка и Словачка, како и самата „Укртранснафта“ се свесни за ситуацијата, додал претставникот на руската компанија.
Истовремено од „Транснефт“ најавуваат дека разгледуваат алтернативни опции за плаќање на услугите за транзитот на нафтата низ Украина. Компанијата, исто така, преку „Газпробанк“ побарала од европскиот регулатор одобрување за исплати според договорот со „Укратранснафта“.
Нафтоводот „Дружба“, кој датира од советскиот период, започнува од руската областа Самара минува преку Брјанкс и се разгранува на северен и јужен крак, минувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија. Украинскиот дел е во сопственост на „Укртранснафта“, додека Русија плаќа за транзитот.