Украина и САД покренуваат заедничко производство на оружје, најави Зеленски

Украина и Соединетите држави се договориле за започнат заедничко производство на оружја коишто ќе му овозможат на Киев да произведе системи за противвоздушна одбрана, изјави во петокот украинскиот претседател Володомир Зеленски сумирајќи ги резултатите од неговата посета на САД.

Во редовното дневно обрќање на украинската јавност, Зеленски рече дека тој долгорочен договор ќе создаде нови работни места и индустриска база во Украина чијашто економија е разорена во војната со Русија.

„Зедничкото производство во одбранбениот сектор со САД је историска работа“, рече Зеленски и додаде дека министерството за стратешки индустрии потпишало договор со три здруженија кои обединуваат 2.000 американски компании од воено-индустрискиот сектор.

Украина силно е зависна од западната воена помош којашто започна во големи количества, обука и финансии да ја добива по превратот во Киев во 2014 година.

За таа да се намали, откако веќе предизвикува реакции кај западните сојузници, Зеленски вели дека со својот тим работи на реформи на домашната воена индустрија за локалните производители да се модернизира и да се забрза испорака на вооружувањето на боиштетот.

Зеленски претходно објави дека во Киев ќе одржи меѓународен форум на приизводители на оружја од повеќе од 20 земји.

Украина веќе има неколку заеднички проекти со европски произведувачи за ремонт на украинските и германските тенкови, и развива сопствено производство на беспилотни летала и ракети.

Според воените аналитичари, ваквите договори ја принудуваат Русија да ја променува стратегијата на своите борбени дејствија во Украина, затоа што не може да си дозволи на своите граници да се развуваат оружја кои претставуваат непосреда закана за нејзината безбедност.