Украинските сили имаат намера да ја задржат руската територија што ја зазедоа „извесно време“ и очекуваната руска контраофанзива ќе биде тешка битка за Русите, уверува заменик-директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Дејвид Коен без да даде ниеден доказ и всушност потврдуваајќи дека САД биле запознаени со операцијата иако Вашинтон негира своја инвовлираност.
Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора „да се справи со последиците во сопственото општество“ од губењето на руската територија, уверува Коен на разузнавачка конференција.
На 6 август, Украина започна голем прекуграничен упад во руската област Курск, каде што тврди дека освоила 100 населени места, додека руските сили продолжуваат да напредуваат во источниот регион Доњецк.
Коен рече дека верува оти „Путин ќе започне контраофанзива, но очекува тоа да биде тешка битка за Русите“.
И покрај очекувањата на Киев и неговите западни сојузници предводени од САД, Русија не ги повлече своите единици од боиштетот во Донбас, напротив ги засили и забрзано напредува во заземањето на стратешкиот сообраќаен јазол во Покровск, и според руски и според западни извори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот рече дека војната со Русија на крајот ќе заврши со дијалог, но дека Киев мора да остане цврст и дека планот ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден и неговите двајца потенцијални наследници.
Путин, пак, рече дека каков и да е договор треба да започне со тоа што Украина ќе ја прифати „реалноста на теренот“, што ќе ја остави Русија во владеење на доминантно населените со руско и рускојазично население во значајни делови од четири украински региони, како и на црноморскиот полуостров Крим. Покрај тоа, Москва инсистира секаков мировен договор да содржи одредба за воена неутралност на остатокот на Украина.
Сега Украина тврди без соодветни докази дека контролира повеќе од 1.200 квадратни километри од пограничната руска област Курск. Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека во Курск не постои постојана линија на фронт и дека руските единици постепени ги потиснуваат украинските и притоа од почетокот на инвазијата во оваа област Украина загубила над 6.000 војници и стотици оклопни борбени возила, од кои речиси сто тенкови.