Украина има план за нова офанзива против Русија, вели Зеленски

Украина има јасен план за нова противофанзива против руските сили, изјави во неделата претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека не може јавно да открие поединости.

Киевските сили ја започнаа долгонајавуваната противофанзива на почетокот од јуни минатата година, но не успеаја да ги пробијат подготвените одбранбени линии на југот и на истокот. Последните месеци по повеќемесечните борби за утврдениот град Авдиевка на работ од отцепениот регион Доњацк, руските сили го заземаа утврдениот град и известуваат за напредување кон западните делови од Украина.

„Русија ќе подготви контраофанзивни операции на почетокот на летото или на крајот на мај ако можат. Тие ќе се подготват. Ние ќе се подготвиме за нивниот напад. Нивниот напад што започна на 8-ми октомври, верувам, не донесе никакви резултати. Ние ќе го подготвиме од наша страна нашиот план и ќе го следиме“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев

„Постои план (за контраофанзива), планот е јасен, не можам да ви кажам детали“, уверуваше украинскиот претседател.

Зеленски рече дека разрешувањето на главниот командант на украинската армија Валериј Залужни на почетокот на овој месец е поврзано со нов план за активности на боиштетот..

„Овој план се однесува на промена на раководството, има соодветни промени. Ќе бидат подготвени неколку планови поради протекување“ н инаформации, рече Зеленски без да даде поединости.

Зеленски претходно изјави дека плановите на Киев да започне противофанзива минатата година наводно протекле и завршиле „на масата во Кремљ“ уште пред да започне операцијата. Тој не кажа како дошло до истекувањето.

Зеленски, исто така, рече дека ротацијата на војниците е од клучно значење за воените напори и дека Украина треба подобро да ги подготви своите резервни сили. „Мораме да ги подготвиме резервните сили. Тие не се подготвени правилно, а тоа е исто така факт“, призна украинскиот претседател.

 

За единството помошта од САД и легимитетот на претседателот

„Сега е најтешкиот момент за нашето единство и ако сите се распаднеме однадвор и, не дај Боже, однатре, тогаш тоа ќе биде најслабиот момент. Тоа сѐ уште не се случило. Третата година (од војната) е пресвртница. Година на избори, дефокусирање, сè одеднаш, предизвици однадвор, однатре… Верувам дека од оваа година ќе зависи форматот како ќе заврши војната“, рече Зеленски.

Кога станува збор за американската помош, тој рече дека „има надеж во однос на Конгресот и сигурен сум дека ќе биде позитивна… Тие знаат дека ни треба поддршка во рок од еден месец“. „Кога зборуваме за американска помош, мора да разбереме дека не се работи за финансиски резерви, туку за оружје… Ќе бидеме само ослабени на бојното поле… А јас немам резерви овде, го имаме оружјето што го имаме“, додаде.

„Што се однесува до (прашањето за мојот) легитимитет, тоа не е мислење на западните партнери или некој во Украина. Ова е наративот и програмата на Руската Федерација“, тврди Зеленски.

„Сите разузнавачки агенции на Г7 ги имаат релевантните документи. Во основа е јасно дека ова е руска програма. Сите се против тоа (доведувањето во прашање на легитимноста), апсолутно сите“, рече Зеленски наестувајќи дека веројатно нема да одговори на повиците годинава да се одржат регуларните претседателски избори.