Две „супер моќни бомби“ биле фрлени во вторникот врз Мариупол тврдат украинските власти на овој стратешки важен пристанишен град разорен од гранатирањата за коишто меѓусебно се обвинуваат и украинската и руската страна.
Укрианските сили јавуваат дека во вторникот продолжило руското бомбардирање на градовите Киев, Харков, Мароипол, Одеса, Милоаев, Чернихов. Руската војска вели дека селективно гаѓа само воени цели и дека главно е насочена на блокирање на правците од кои може да се извлечат или да добијат помош украинските сили/.
„Во најлош случај ќе загинеме, но нема да се предадеме“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во водеопконференцијата пред Советот на Европа, додека украинската престолнина стравува од директен напад и ново бомбардирање. Но досега руските сили само го опкружуваат Киев и напаѓаат со беспилотни летала, а според некои информаци повремено во градот се пробиваат извидувачко-диверзантски групи.
Украинските власти во општината Мариупол известија дека градот во вторникот бил погоден со две „супер моќни бомби“ но не зборуваат за жртви, а агенциите известуваат дека вестите не можат да се проверат. „Окупаторите не ги интересира градот (…) сакаат да го срамнат со земја“, се пренесува непотпишатана изјава на градската управа.
Но според руските медиуми и снимки на социјалните мрежи, во градот се водат улични борби, а силите на ткн Донецка Народна Република објавија дека во предргадието на Мариупол разбиле бригада на укранската војска.
Жителите кои го напуштиле градот го опишале за невладината организација Human Rights Watch како „леден пекол, со улици затрупани со трипови и остатоци од уништени згради“ каде што „илјадници луѓе се отсечени од светот“ сокриени во подруми без вода, храна, струја и комуникации.
Повеќе од 200.000 жители од повеќе од 45.000 сѐ уште се во Мариупол, изјави Петроо Андријшченко, заменик на градоначалникот, пренесува Human Rights Watch. Според него, загинале над 3.000 цивили но точната бројка не е позната.
Мариупол, во кој над 43 отсто од населението до 2014 година беше руско а над 80 отсто го наведувале рускиот како мајчин јазик, кој по превратот во Киев во 2014-та беше под контрола на проруските сили од Донецк но веќе во 2015 го заземаа украинските сили односно паравоената формација ткн баталјон „Азов“ составен од приврзаници на крајно десните и екстремистички организаиции. Има стратешка важност поради поврзувањето на полуосторво Крим и Донецк, а е последното големо пристаниште пред Азовското Море.
Бомбардирањето во вторникот било особено силно во приградските населби на Киев и борби се воделе во Ирпин и Хостомел, на приодите од главниот град, изјави гувернерот на Киевскиот регион, Олександар Павлук.