Украинските сили ќе тргнат во офанзива против Русија уште еднаш на пролет, изјави шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов. Останува нејасно како Киев ќе го добие оружјето или половина милион луѓе што му се потребни за да ги покрие загубите по неуспешната контраофанзива минатото лето.
Буданов тврди дека руските офанзивни операции околу населбите во Донбас, Купјанск, Лиман, Артјомовск Бахмут) и Авдеевка ќе бидат „целосно исцрпени“ до „раната пролет“.
„Ние правиме потег, непријателот прави потег“, рече тој. „Сега е на ред непријателот. Ќе заврши, а потоа ќе почне нашето“.
Последната контраофанзива на Украина започна во јуни и траеше до октомври, при што украинските сили се обидоа да навлезат во одбранбените линии на Русија на повеќе точки низ регионите Херсон, Запоржје и Доњецк. Не успеаа да постигнат никакви значителни територијални придобивки, а тоа го чинеше Киев околу 160.000 животи, според бројките на руското Министерство за одбрана.
Овој пат, украинската војска ќе тргне во битка со уништен голем дел од нејзиниот хардвер обезбеден од Запад и заменети нејзините најдобро обучени трупи со неискусни регрути, додека континуираната воена помош од САД останува неизвесна. Дури и сега, ситуацијата на фронтот е „драматична“, изјавија анонимни „генерали и војници“ за германскиот весник „Ди Велт“ минатата недела, наведувајќи го недостигот на витална муниција и нови регрути.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец ги објави плановите за мобилизација на околу 500.000 нови регрути за покривање на загубите од почетокот на конфликтот пред речиси две години. Иако Украина не ги објавува бројките за жртвите, руското Министерство за одбрана ги проценува загубите на Киев од февруари 2022 година на речиси 400.000 мажи. Алексеј Арестович, поранешен помошник на претседателот Зеленски, изјави дека бројката е до 300.000.
Највисокиот генерал на Зеленски, Валериј Залужни, ја опиша ситуацијата на бојното поле во ноември како „ќорсокак“, коментар што наводно го налутил Зеленски.
Американските официјални лица изјавија за Блумберг претходно овој месец дека јазот меѓу претседателот и генералот е реален и дека ги „забавува напорите да се кристализира нова стратегија“ за следната година.
Според британскиот весник Тајмс, позицијата на Залужни му била понудена на Буданов, кој одбил.