Проруските региони на Украина прогласуваат независност. Официјални претставници на Киев започнаа акција против нив, а Москва предупреди дека Украина може да се втурне во граѓанска војна.
По неделните протести во трите источноукраински градови Доњецк, Харков и Лугањски, група проруски ориентирани демонстранти вчера ја зазеле главната зграда на администрацијата во Доњецк и прогласила „Доњецк Република“.
Демонстрантите од говорницата на локалниот парламент на политичарите им дале рок да распишат референдум за одделување.
Во Лугањски проруски демонстранти влегле во владината зграда, каде што е локалното седиште на државната безбедност, од каде заплениле оружје.
Судири имало и во Харков, каде се судриле сепаратистите и приврзаниците за единство на Украина.
Проруски активисти, кои се противат на новата украинска влада, ги продолжиле протестите и ја зазеле зградата на локалната власт.
Како реакција на настаните во Харков, официјален Киев започна со организација на антитерористичка организација. Украинскиот министер за внатрешни работи рекол дека центарот на Харков е блокиран.
Потоа се огласила Москва, која што ги повикала украинските власти да ги прекинат подготовките за интервенција во проруските региони во источниот дел на Украина, и предупредила дека во спротивно може да избие граѓанска војна.