Украинското Министерство за одбрана ги презема акционерските удели во пет стратешки компании во согласност со законот за воена состојба, објави во понеделникот претседателот на Советот за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов.
Одлуката биле донесена на состанокот на високите безбедносни функционери на 5-ти ноември и стапила на сила веќе следниот ден, рекол Данилов на брифинг за новинарите.
Јарослав Железнак, првиот заменик на претседателот на парламентарната комисија за финансии, даночна и царинска политика, изјавил истовремено дека Украина за потребите на државата во војната ги национализирала приватните удели во пет стратешки компании, вклучително и произведувачот на мотори „Мотор Сич“ и енергетската компанија „Укрнафта“.
Националната комисија за хартии од вредност и пазарот на акции ги национализираше уделите во сопственост на приватни инвеститори поради вонредната состојба, појасни Железњак. Додаде дека една година по завршување на воената состојба во земјата тие активи би можело да им бидат вратени на сопствениците, или да биде компензирана нивната вредност.
Покрај двете споменати компании, национализирани се уште една нафтена компанија „Укртатнафта“, произведувачот на возила „АвтоКрАЗ“ и произведувачот на трансформатори „Запоржтрансформатор“. Сите компании биле и во делумна сопственост на државата и се поврзани со контроверзните украински олигарски како Игор Коломојски, Вјачеслава Бихуслав и Константин Жеваг.
Во документот кој го објави Железњак се потврдува дека со национализираните удели, чијшто обем не е наведен, ќе управува министерството за одбрана.