Украина не се откажува од уставната одредба за придружување на НАТО

Украина не сака да ја отстрани од своијот устав амбицијата за придружување на НАТО, што е една од главните причини за руската воена интервенција за нејзина демилитаризација, изјави во понеделникот претседателот на Врховната Рада (парламенто) Руслан Стефанчук.

Тоа претставува драстична промена на курсот на Киев во досегашните преговори со Москва за запирање на непријателствата. Имено, украинските преговарачи кон крајот на март по преговорите во Истанбул објавија дека Киев предложил воено неутрален статус во замена за безбедносни гаранции, што значи дека Украина не би се придружувала на воени сојузи или на нејзината територија би имало бази со странски трупи. Но Москва подоцна објави дека во предлог-документот кој го добила има големи отстапувања и го обвини Киев за постојано менување на преговарачките позиции.

„Уставните амандмани не се самите посебе цел и тоа нена да станат“, изјави претседателот на украинскиот парламет Руслан Стеванчук во итервју за Украинска правда објавено во понеделникот и додава дека де одредбите кои се однесуваат на НАТО и ЕУ претставуват украински „перспективен поглед во иднината“.

На 20-ти март советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Олексиј Арестович, поранешниот украински претседател Петро Порошенко е делумно виновен за војната која во моментов се води во Украина, бидејќи во неговиот манадат во уставот на земјата била воведена одредбата за определбата за членство во НАТО.

„Кога Порошенко го воведе тоа, тоа беше неговата лична пиар-технологија. Тогаш веќе знаеше дека НАТО никогаш нема да нѐ прими. Дел од вината за она што сега се случува во Украина носат и оние кои ја усвоија и промовираа оваа одредба во Уставот“, рече тогаш Арестович, пренесе весникот Українські Новини.

Поранешниот претседател во февруари 2019 година го потпиша законот за аспирацијата на Украина за членство во НАТО и ЕУ внесен во Уставот на земјата. Според овој амандман, украинската влада е должна да го реализира курсот за приклучување кон двете асоцијации, а гарант за тоа е шефот на државата.

Сегашниот украински претседател Зеленски тогаш се залагаше за влез на земјата во НАТО, па така во април минатата 2021 година изјави дека пристапувањето на Украина во Алијансата е „единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас“, бидејќи акцискиот план за членство во НАТО ќе претставува „вистински сигнал за Русија“. Подоцна во септмеври Зеленски изјави дека американскиот претседател Џо Бајден се согласил со членството на Украина во Северноатлантскиот воен пакт, истакнувајќи дека решението на ова прашање, сепак, не зависи само од Вашингтон.

Меѓутоа, по започнувањето на руската офанзива и страшните разорувања во Украина, Зеленски неодамна изрази подготвеност да разговара за статусот на земјата надвор од НАТО, што е еден од условите што ги поставува Русија која ваквата сутуација ја смета за закана по нејзината безбедност.

Зеленски минатиот месец изјави дека „одамна се оладил“ по прашањето за членството на неговата земја во НАТО, бидејќи во Киев сфатиле „дека НАТО не е подготвен да ја прими Украина… поради стравување од конфронтација со Русија“. На 15-ти март тој порача дека е неопходно да се признае фактот дека и покрај изјавите за отворени врати, НАТО нема намера да ја прифати Украина.

Подоцна и советникот Арестович изјави дека не гледа можност по секоја цена пристапување на Украина во НАТО, а на почетокот од март и Давад Арахамија, шефот на пратеничката група во парламенот на владејачката партија Слуга на народот изјави дека Украина нема да се залага за аплицирање во НАТО.

Стефанчук истакнува и дека територијалниот интегритет на Украиан е „црвената линија“, без да прецизира на што тоа се иоднесува. Алудира всушност на барањето на Русија, Киев да ги признае присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, како и на одметнатите доминантно руско и рускојазични региони Донецк и Луганск, како и на пританишниот град Одеса.

Станува збор за територии населени со големо мнозинство Руси кои постапно во времето на поранешниот Советски сојуз се присоединувани на Украина издвојувајќи ги од тогашната Руска советска република. По превратот во Киев пролетта 2014 година и укинувањето на правата на руското население во Украина, регионите Донецк и Луганск се прогласија во републики а Крим со два референдума изгласа враќање на автономијата укината 1990-та година и враќање во составот на Русија.