Украина не треба да изведува напади врз цели на руската територија со западното оружје коешто ѝ е испорачано, изјави во понеделникот францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте во Хаг.
„Еден од критериумите за снабдувањето со оружје (на Украина) е тоа да не доведе до ескалација на конфликтот. Односно, оружјето што го доставуваме не треба да се користи за напади на руската територија“, рече францускиот претседател во одговорот од конференцијата за медиумите која ја пренесуваше Елисејскиот дворец на социјалните мрежи.
Според Макрон, оружјето испорачано на властите во Киев треба да служи само за заштита на земјата во нејзиниот отпор против руската офанзива.
Францускиот претседател одговараше на прашање во врска на сѐ почестите барања од највисоките украински функционери за напредни оружја коишто ќе овозможат да се гаѓаат цели длабоко на руска територија, или како што беше во една пригода речено да се гаѓа дури и Москва.
Уште кон крајот на декември минатата година, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, ја потврди подготвеноста на Киев да ги нападен руските територии како одговор на масовните руски ракетни удари врз критичната украинска енергетска инфраструктура.
Претходно на 5-ти декември украинската војска со модифицирани млазни беспилотни летала од советскиот период изведе напад врз воените руски аеродроми во Рјазан и Енгелс во регионот Саратов на околу 730 југоисточно од Москва, во обидот да онеспособи авиони од руската бомбардерска флотила со долг долет. Леталата беа соборени, но од нивните остатоци загинаа тројца а ранети беа уште четворица припадници на рускиот воен технички персонал.
Руската војска, пак, како одмазда за терористичкиот напад од есента мината година врз Керченскиот (Кримски) мост кој го поврзува црноморскиот полуостров кој во 2014-та година се одлучи да се врати во составот на Русија со руското копно, од 10-ти октомври изведува чести масивни ракетни напади врз критичната украинска инфраструктура, особено енергетската.
Официјална Москва повеќепати предупреди дека воената помош на Западот за Украина која особено по почетокот на руската инвазија од ланскиот февруари достигнува сума повеќе десетици милијарди долари, само ќе го продолжи страдањето на Украинците и ќе ја продолжи војната, без да влијае врз конечниот исход од војната. Руската страна, исто така, предупреди дека транспортите на таквите оружја ќе бидат легитимна цел.