Украина од Западот бара тенкови

© AFP 2018 / Raigo Pajula

Украинските и руските војници водат жестоки битки во обидите на Киев да ги запре нападите врз украинските вкопани позиции на истокот од земјата, додека претседателот Володомир Зеленски бара тенкови од Западот.

Според украинските извори, руските сили се насочени на офанзива во Бахмут, еден од неколкуте градови во отцепената проруска област Доњецк, но нивните напади во Авдеевка и Купјанск биле неуспешни. Гувернерот именуван од Киев на соседниот проруски регион Луганск, исто така, отцепен по превратот во 2014 година и кој речиси целосно е под контрола на руските сили, во меѓувреме тврди на социјалните мрежи дека украинските сили „чекор по чекор ги враќа областите под своја контрола, но тоа не оди брзо“.

По референдумите во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во септември, овие територии се присоединети на Руската Федерација, но не ги контролира целосно тие области во рамките на нивните административни граници до 2014 година.

Бахмут, во кој украинските сили се добро вкопани уште од граѓанската војна во 2014 година, е сместен на стратешки потег меѓу Доњецк и Луганск. Од предвоената број на население од околу 75.000 сега во градот останале околу 10.000 луѓе. Доколку биде заземен, на руските војски им се отвора можност за напредување кон двата поголеми града Краматорск и Славјанс.

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхиј Хајдај, кој се наоѓа во централна Украина, рекол дека очекува ескалација на борбите на источниот фронт каде што температурите се сѐ пониски и почвата замрзнува. Според него, тоа ќе создаде можност за користење на тешкото вооружување.

Заленски од Западот бара тешко вооружување и тенкови. Францускиот претседател Емануел Макрон вети лесни оклопни борбени возила „AMX-10 RC“, но Зеленски му возврати дека „нема рационална причина зошто Западот сѐ уште не испрати тенкови“.

Киев инсистира, покрај огромната воена помош изминатите години, да му бидат испорачани тешки борбени возила како што се американските тенкови „Abrams“ и германските „Leopard“.

Од САД во средата потврдија дека го разгледуваат испраќањето на борбените возила „ Bradley“, но американскиот претседател Џо Бајден не е подготвен да ги испрати тенковите „Abrams“. Но Бајден е подготвен да испрати нов голем пакет воен помош во износ од 21.3 милијарди долари.

Досега САД на украинската војска ѝ испорачаа противвоздушни системи и проектили „Stinger“, противтенковски системи и проектили „Javelin“, дронови-камиказе „Switchblade“, повеќекратни ракетни системи HIMARS и ракетни системи „земја-воздух“ NASAMS. Вашингтон на Киев му вети и ракетен систем „Patriot“ и уште дронови.