
Украина нема да се откаже од градот Мариупол и ќе го положи оружјето, изјави ноќта кон понеделникот потпретседателката на украинската влада и министерка за реинтеграција на неконтролирани територии на Украина, Ирина Верешчук.
„Не може да стане збор за какво и да е предавање, положување на оружјето“, изјавила Верешчук за украинските медиуми и додала дека за тоа вече ја известиле руската страна.
Русија ѝ предлoжи доцна вечерта во неделата на Украина сите воени единици под нејзина контрола да го напуштат Мариупол „без оружје и муницијата на рутата договорена со Украина“. Притоа Москва инсистираше на „офијален писмен одговор“ од Киев на предлозите до 5 часот утрото во понеделникот по московско време