Украина отвори истрага против обвинителот од случајот со синот на Бајден

Јуриј Луценко, поранешен државен обвинител на Украина.

Украина во вторникот објави дека води истрага за залоупотреба на овластувањатра против Јуриј Луценко, поранешен државен обвинител чиешто име се споменува во случајот од контроверзниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Владимир Зеленски, во кој Трамп бара информаци и истражување за запирањето на истрагата за корупција со компанијата во која на челна позција бил синот на неговиот најверојатен демократски противкандидат на претседателските избори следната 2020 година, поранешниот државен секретар Џон Бајден.

Хантер Бајден беше член на бордот на директори на „Burisma Group“, една од најголемите приватни гасни компании во Украина. Во времето кога неговиот татко Џо Бајден беше американски потретседател во 2016 година, бараше строга антикорупциска политика од властите во Киев, и како дел од оваа кампања повика на оставка на тогашниот вршител на должноста јавен обвинител на Украина, Виктор Шокин, а кој ги истражуваше активностите на „Burisma Group“. Јуриј Луценко, јавен обвинител на Украина во тоа време, изјави дека не располага со докази за престапи кои можеле да ги сторат Бајден постариот и неговиот син на територијата на земјата.

Јуриј Луценко, кого во август го смени новиот украински претседател Владимир Зеленски, е осомничен дека „одобрил илегално обложување“, изјави за AFP портпаролката на Државното биро за истраги, Ангелица Иванова. Истрагата е покрената на барање на пратеници, рекла без да наведе други поединости.

Како што пишува агенцијата Интерфакс-Украина, аферата ја поттикнало сведочењето на пратеникот Давид Арахамија, член на партијата „Слуга на нардот“ на претседателот Зеленски.

„Треба да се има богата фантазија за да бидатм обвинет за она што го зборува Арахамија… Како воопшто може да се биде акционер на нелегално казино?“, коментриаше на социјалните мрежи, Јуриј Луценко, кој во моментов се наоѓа во Лондон, каде што според неговата портпаролка ќе остане повеќе од еден месец „на курс по англиски јазик“.

Јуриј Лувенко, главен државен обвинител од мај 2016 година, се споменува во ткн „украинска агера“ која од минатата седмица ја тресе американската политика. Луценко тврди дека се сретнал со адвокатот на Доналд Трамп за да разговараат за синот на Бајден, но на крајот одлучил дека нема прилини за покренување истрага против Хантер Бајден.

Во телефонскиот резговор од јули, Трамп се заземал за Луценко велејќи дека е добар државен обвинител и дека треба да остане на должноста. Но тоа не го спречи Зеленски неколку седмици подоцна да го смени.

Републиканците подолго време го обвинуваат Џо Бајден дека вршел притисок врз украинските власти да го сменат Виктор Шокин, претходникот на Луценко, бидејќи сакал да отвори истрага за компанија на Хантер Бајден. Демократите во Конгресот по овие информации започнаа истрага поради изнесување обвинувања против Трамп, што е прв чекор во евентуална постпка за отповикување на претседателот.