Украина: Парламентот го укина спорниот закон

Пратениците на украинскиот парламент денеска изгласаа укинување на законот со кој од минатиот понеделник беа забранети масовни собири на демонстранти, по што ескалираа двомесечните мирни демонстрации.

Законот е укинат со гласовите на 361 пратеник, додека се забележани само два гласа „против“, што значи дека повеќе не важат драконските мерки со кои се предвидува кривично гонење на учесниците во антивладините протести.

Ставањето вон силa на контроверзниот закон, како и оставката од премиерот Микола Азаров исто така треба да ги намалат тензиите и да пронајдат начин за мирно решавање на кризата.