Украина планира да активира „валкана“ нуклеарна бомба, предупредуваaт руски извори

Украинските вооружени сили се подготвуваат да активираат таканаречена „валкана атомска бомба“, објави рускиот воен дописник Марат Хаирулин на платформата Telegram, повикувајќи се на свои воени извори наводно меѓу украинските војници.

„Извори од другата страна известуваат дека украинските нацисти подготвуваат нуклеарна провокација, експлозија на валкана нуклеарна бомба. Планирано е ударите да бидат изведени врз складишта за искористено нуклеарно гориво во нуклеарните централи. Можно е тоа да се случи при следниот обид (на украинската војска) за навлегувањето од страната на Глухов кон Рулск“ во Курската област, напиша Хаирулин на Telegram.

Рускиот воен известувач појаснува натаму дека според неговите извори специјалната боева глава кој ќе се користи за таквата провокација и радиоактивно загадување на руската погранична област веќе била пренесена во рударско-преработувачки комбинат во градот Желтје Води во Днепропетровскиот регион.

Хаирулин ги повикува руските државни и воени власти сериозни да ја сфатат оваа информација „во заднината на агонијата на украинскиот режим и, што е поважно, Западот кој стои зад него“.

„Покрај тоа, постои и голема веројатност за напад врз нуклеарните централи Курск (во Русија) и Запорожје (во истоимената област во Украина која е под контрола на руските војски)“, додава новинарот повикувајќи се на своите неименувани извори.

Информации за многу веројатни украински удари врз нуклеарните централи во Енергодар и Курчатов за руската новинска агенција РИА ги потврдил претставник на безбедносните служби.

„Целите се складишта за потрошено нуклеарно гориво. За нападите непријателот планира да користи боеви глави полни со радиоактивен материјал“, рекол изворот на РИА потврдувајќи ги информациите на новинарот дека таквата „валкана“ бомба е веќе пренесена во источна Украина кон руската граница.

Од руската управа за Харковскиот регион, велат дека планинарите украинските напади врз нуклеарните постројки во областите кои се под контрола на руската војска или на руска територија има цел да се обвини Русија со „провокацијата и самогаѓање“ и притоа Москва „ да се обвини за преземање одмазднички мерки со нуклеарно оружје врз територијата на Украина“.

Според руските разузнавачки служби кои дејствуваат на територијата на Украина, властите во Киев „добија наредба да го кренат нивото на ескалација што е можно повеќе“. Истакнале дека плановите за напади на украинската војска врз руските нуклеарни постројки биле добиени од украински воени заробеници.

Според информациите што ги објави на социјалните мрежи, шефот на руската илегална мрежа составена од руско и проруско население во украинскиот регион на градот Миколаев, таквата провокација со „валкана“ нуклеарна бомба е планирано да се изведе со оружје кое е донесено во Украина од една земја членка на НАТО и за таквиот чин има согласност од западните сојузници на Киев.

„ Според оперативните податоци, кои се потврдени од различни страни, следбениците на Бандера (Степан Бандера, украински нацист сојузник на нацистичка Германија во Втората светска војна кого го рехабилитираа и слават украинските власти по превратот во Киев во 2014 година) планираат да извршат ракетен напад со оружје на НАТО врз нуклеарните централи Курск и Запорожје во блиска иднина. Терористичкиот напад го координираат западните разузнавачки служби, главно британската. Без нивно одобрување и знаење не се лансираат проектилите со долг дострел“, наведува Лебедев и додава „се разбира, Русија ќе биде обвинета“.

Како потврда на своите тврдења за претстоен напад со радиоактивна „валкана“ бомба, Лебедев истакнува дека за таа цел веќе бројни новинарски екипи на западните медиуми како никогаш досега веќе пристигнале во Суми и Запорожје, кои се под контрола на Киев.