Украинските власти ги засилија подготовките за инвазија во Придњестровје, што преставува директна закана за мировниот корпус на руската војска стациониран во овој доминантно руски дел на Молдавија од раните 1990-те години, предупреди во четвртокот доцна вечерта руското Министерство за одбрана.
„Киевскиот режим ги активизираше подготовките за инвазија во Предњестровската Молдавска Република. Како што беше соопштено претходно, таквата активност на украинските сили ќе биде извршена како наводен одговор на исценирано настапување на руските војници на територијата на Придњестровје“, се вели во објавата на апликацијата Telegram.
Руското Министерство за одбрана истакнува дека во близина на украинско-придњестровската граница е евидентирана значителна групација на жива сили и опрема на украинската војска. Се прецизира дека се заземени артилериски позиции, како и дека е енормно зголемена активноста на украинските дронови на територијата.
Спроведувањето на таквата провокација, истакнуваат од Москва, претставува директна закана за рускиот мировен контингент распореден во Придњестровје според меѓународно законски основи.
„Руските вооружени сили соодветно ќе одговорат на претстојната провокација од украинска страна“, предупредува министерството.
Претходно во четвртокот од Москва посочија дека поседуваат веродостојни информации дека во Киев подготвуваат вооружена провокација во Придњестровје. Според воените аналитичари, евентуалното отворање на ова боиште ќе значи дека украинскиот фронт долг речиси 1.400 километри, би бил развлечен за уште најмалку 200 километри. Станува збор за стратешка област, која претставува клин меѓу земјите коишто се во НАТО под контрола на Русија.
Според руското воено разузнавање, во провокацијата во Придестровје ќе бидат вклучените милитантите од ткн баталјон Азов, составен од следбеници на ултранационалистичките и неонацистички движења во Украина и европските земји. Притоа, планерите во Киев планирале да инсценираат „офанзива на руските трупи“ од територијата на оваа област, со тоа што украински борци ќе бидат облечени во руски униформи.
На територијата на Придњестровје од 1990-те години е распоредена оперативна група на руските војски, која ја замени 14-та комбинирана армија, којашто по распадот на СССР беше поставена под јурусдикција на Русија. Нејзината главна задача е мировната мисија и заштита на воените складиште. Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои беа вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.
Ланскиот мај во непризнатата проруска Приднестровска Молдавска Република без изведени неколку терористички напади, врз министерството за безбедност, радио-комуникациски антени и во близина на воена локација. Извори во Тираспол изјавија тогаш дека нападите ги извршиле три засега неидентификувани лица кои влегле од територијата на Украина.
Молдавската влада на почетокот од ланскиот мај изрази загриженост откако заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев, зборувајќи за целите на руските воени дејствија во Украина е да се спојат обласите под контрола на руските сили во Украина што ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Придњестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.
Придњестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, рускојазични Украинци и припаници на други народи, во 1990 година пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на властите во Кишињев, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Придњестровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.
Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.