Украина поднела две тужби против Русија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур заради припојувањето на Крим, навел украинскиот премиер Арсениј Јацењук, а објавено е на сајтот на украинската влада, објавија медиумите.
Реагирајќи на тоа, претседателот на комитетот за граѓанско, кривично и арбитражно законодавство на руската државна дума (долниот дом на парламентот) , Павел Крашенинков рекол за агенцијата Итар – Тас дека Русија ги има сите аргументи и можности за одбрана на своите позиции пред Европскиот суд на човечки права и можниот спор заради украинската тужба.
„Што се однесува до Крим, тие (жителите)прво прогласија независност, а потоа одржаа референдум за припојување кон Русија. Во таков случај, со гледна точка на меѓународносто право се е јасно. Но, бидејќи киевските власти сега во ситуација кога мораат да ја покажат својата моќ, тие тоа се обидуваат да го направат“, рекол Крашеников.
Руските министерства за надворешни работи и правда, според неговите зборови , треба да се подготват за таа тужба. „Имаме сјајни стручњаци во оваа област и јас мислам дека совршено ќе можат да се понесат со овие задачи“.
На прашањето дали Европскиот суд за човекови права ќе биде непристрасен во поглед на украинските тврдења, тој рекол, дека ако се говори за судот треба да постои претпостава на правда.
„Важно е нашата страна да е добро подготвена. Ги имаме сите аргументи по ова прашање.И ние сите сме очевидви на историјат“, рекол претседателот на граѓанското, кривично и арбитражно законодавство на руската Државна Дума.