Украина поднесе тужби во СТО против ембргото од трите членки на ЕУ на украинските житарки

Украина поденсе тужба во Светската трговска организација (СТО – WO) против Полска, Словачка и Унгарија откако трите членки на Европската унија решија да ја задржат забраната на увоз на украинските житарки и други земјоделски производи штитејќи ги своите производители, објави висока украинска функционерка во понеделникот.

Контролите и ограничувањата на увозот на земјоделските производи и житарки од Украина им овозможи на петте земји: Бугарија, Романија, Полска, Словачка и Унгарија на сопствените пазари да го ограничат тргувањето со производите, како пченицата, пченката, маслодајната репка и сончогледот од Укрина.

Првата вицепремиерка на украинската влада Јулија Сводиденко изјави дека Киев смета дека таквите забрани се кршење на меѓународните обврски на членките на ЕУ.

„За на се критично важно да докажеме дека поединечни држави членки не можат да го забрант увозот на украински стоки. И затоа поднесовме тужби преку СТО. Истовремено се надеваме дека овие држави ќе ги укинат ограничувањата и дека нема да биде потребно своите односи да ги решаваме на судовите во долг временски период (…) Потребна ни е солидарност и одбрана на интересите на земјоделците“, наведува Свириденко во соопштенеито на владината веб-страница.

Трите земји членки на ЕУ одлучија во петокот еднострано да ја продолжат забраната за увоз на украински житарики и други земјоделски производи од Украина, откако Европската комисија објави дека нема да го продолжува ограничувањето коешто истече во петокот на полноќ.

Земјоделците во Бугарија во петокот ги блокираа сите автопати и пристапни правци кон границите со Романија и Грција протестирајќи против укинувањето на забраната за увоз на земјоделски производи од Укриана кои се продаваат по дампиншки цени и ги уништуваат економски бугарскиот земјоделски сектор. Се заканија дека во вторник со земјоделски машини ќе ја блокираат Софија.

Кога Европската комисија во петокот одлучи да го заврши ограничувањето на увозот на земјоделските производи од Украина, мнозинстовото пратеници кои ја поддржуваат бугарска влада којашто е под притисок од западните сојузници дека не ѝ пружила доволно помош на Украина изгласа укинување на забраната со што се разијде со другите три членки на ЕУ – Полска, Словачка и Унгарија.