Украина ѝ порачала на Кина дека е отворена за разговори со Русија, под одредени услови

Додека руските и украинските сили се борат за територија во источна Украина, двете страни ги чекаат резултатите од претседателските избори во САД во ноември, бидејќи републиканскиот кандидат Доналд Трамп изјави дека брзо ќе издејствува мир а во Киев страввуваат од негова закана дека ќе ја прекине воената помош за Украина.

Кина, втората по големина економија во светот, се позиционираше како неутрална во однос на руско-украинската војна, но неколку дена пред инвазијата прогласи „партнерство без граници“ со Русија. Покрај тоа, на Русија ѝ дава дипломатска поддршка и според САД по могнала да се одржи воената економија во живот. Сепак, бројни аналитичари сметаат дека тоа е изговор за неефикасноста на илјадниците санкции коишто Западот веќе десет години ѝ ги наметнува на Русија. Покрај тоа, руската и кинеската армија последните години изведуваат континуирани заеднички маневри на различните родови војски во повеќе точки во светот.

На крајот од средбата во Гуангжу, украински извор за Rueters изјавил дека состанокот меѓу двајцата министри траел подолго од планираното. „Ова беше многу долг и сериозен разговор“.

Кулеба и Ванг Ји разговараа за долгорочните планови за градење билатерални односи меѓу двете земји и за зголемување на кинескиот увоз на храна од Украина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи на прес-конференција во Пекинг.

Впрочем, Пекинг и Киев водеа преговори за истата тема кои вклучуваат и кинески инвестиции во индустријата и пред превратот во март 2014 година, по што новите прозападни власти ги прекинаа контактите со кинеската држава.

Покрај тоа, таа ја изрази загриженоста на Кина за хуманитарната ситуација во Украина. „Иако условите сè уште не се зрели, ние ги поддржуваме сите напори што водат кон мир. Сакаме да продолжиме да играме конструктивна улога во постигнувањето на прекин на огнот и продолжувањето на мировните преговори“, додаде таа.

Украинскиот министер Кулеба во видео обраќање се согласи дека „решението на конфликтот е праведен и траен мир, затоа нема потреба да се стремиме кон привремени решенија“.

Од Кремљ велат дека изјавата на Кулеба за подготвеност за разговори е во согласност со рускиот став, но им требаат повеќе детали.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Москва ќе ја заврши својата, како што ја нарекува, специјална воена операција, доколку Киев се согласи да се повлече и предаде територијата од четири одментната во 2014 година украински региони со доминантно руско и рускојазично население кои сега се под контрола на руската војска, и доколку се откаже од амбициите за влез во НАТО, што Киев го отфрли како „бизарен ултиматум“.

Изминатите неколку месеци беа одбележани со низа дипломатски активности поврзани со војната во Источна Европа. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги посети Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон, како дел од „мировната мисија“, како што тој ја нарече но неговите партнери во Европската унија остро го критикуваа поради тоа, на што Будимпешта возврати со обвунување дека Брисел украинската криза ја води кон ескалација. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека само САД, Кина и Европската унија можат да ја играат улогата на посредници.

Во мај, Кина и Бразил објавија предлог за мировен договор од шест точки, додавајќи дека се за одржување меѓународна мировна конференција која ќе ја признаат двете завојувани страни.