Украина потврди дека го нападнала Севастопол

Украина потврди дека го нападнала Севастопол

Украина во средата објави дека ги погодила руските поморски цели и пристанишната инфраструктура во Севастопол, што е најголемиот напад досега врз историското седиште на руската Црноморска флота на Крим.

„Утрото на 13. септември, украинските вооружени сили извршија успешни напади врз поморски цели и пристанишна инфраструктура на окупаторите на пристаништата на привремено окупираниот Севастопол“, објави украинската армија на Telegram.

Претставник на украинското разузнавање изјави дека голем воен брод и подморница биле погодени во нападот и биле оштетени до неправилно.

Москва потврди дека нападот се случил.

„Потврдуваме дека се погодени голем амфибиски воен брод и подморница. Не ги коментираме средствата употребени во нападот“, изјави за Reuters припадникот на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов, без да образложи колкава е штетата.

Подоцна изјави за украинската телевизија: „Ова се значителни штети. Сега можеме да кажеме со голема веројатност дека не може да се санираат“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина во раните утрински часови нападнала бродоградилиште во Црното Море со 10 крстаречки ракети и три брзи чамци без екипаж, при што биле оштетени два воени брода кои биле вкотвени поради ремонт. Додаде дека руската протуввоздушна одбрана соборила седум проектили и дека руски патролен брод ги уништил украинските јуришни чамци.

На интернет се појави фотографија, која ја проверил Reuters, на која се гледа тешко оштетент брод на пристаништето, но не се наведува дали на неа е гаѓаното пловило.

Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, не потврди дека Русите собориле најголем дел од проектилите. „Тешко е да се каже колку од нив успеаја да соборат. Важно е да не се потценува нивната противвоздушна моќ. Можеби ги уништија. Можеби не“.

„Тоа е најголемиот напад врз Севастопол од почетокот на војната“, изјави пензионираниот капетан на украинската морнарица Андреј Риженко.

Тој рече дека Украина можеби користела домашно произведени противбродски ракети „Нептун“ кои биле модифицирани за да се користат против копнени цели. Можност се и британските крстосувачки ракети „Storm Shadow“, рече тој.

Британската телевизија Sky News, повикувајќи се на неименувани извори, дека во нападот биле користени ракетите „Storm Shadow“.

Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва, на Telegram објави дека во нападот се повредени најмалку 24 лица. ОБајвата е придружена со фотографии од пожарот на пристанишната инфраструктура во текот на ноќта. Руските канали на Telegram објавија видеа и фотографии од пожарот на локација покрај морето направени од голема далечина.