Украина повеќе нема да ги поместува стрелките на часовникот и ќе го задржи средноевропското време

Украина одлучи трајно да го задржи тековното зимско сметање на времето, познато и како стандардно или средноевропско време. Тоа значи дека транзицијата кон летното сметање на времето повеќе нема да се случува во оваа земја, како што е во сите други земји кои сè уште ги поместуваат часовниците, тоа ќе се случи на 30 март 2025 година.

Одлуката на Украина има неколку причини- д една страна, промената на времето влијае на биоритмите на луѓето, што негативно се одразува на нивната физичка и психолошка состојба, објави агенцијата Интерфакс.

По промената на времето граѓаните се чувствуваат полошо, им се намалува работната способност, а има значително влошување на хроничните заболувања, се наведува во образложението на законот. Исто така, не е утврдено дека менувањето на времето носи заштеда на енергија. Во минатото, многу земји-членки на ЕУ воведоа промени во времето со цел да заштедат енергија и подобро да ја искористат дневната светлина. Меѓутоа, денес не е јасно дали тоа навистина резултирало со заштеди.

Украина ја објасни оваа одлука со тоа што сака да се дистанцира од својот воен непријател – Русија: „Затоа, воведувањето и воспоставувањето на единствено киевско време низ Украина ќе ја зајакне безбедносната позиција на Украина и ќе придонесе за евакуација и реинтеграција на привремено окупираните области“.