Руските сили подготвуваат „сеопфатен напад“ врз украинските сили во Луганскиот регион, на истокот од Украина, изјави во понеделникот тамошниот гувернер именуван од Киев, Серхиј Хајдај.
„Гледаме дека опремата доаѓа од повеќе правци, дека (Русите) доведуваат луѓе, гориво (…) Заклучуваме дека се подготвуваат за сеопфатен напад. Гранитирањето е сѐ посилно. Ноќеска е направен обид во Рубежно (недалеку од Луганск, нашти бранители го одбија нападот, исфрлија од строј неколку тенкови, имаќе десетици трупови на руски војници“, тврдеше Хајдај.
Според него, во неделата загинале двајца украински доброволци од мина или од топовска граната. Хајдај тврди и дека била гаѓана црквата и дека дајца свештеници биле ранети.
Ги повика жителите да ја напуштат областа.
„Не се двоумете. Денеска се евакуирани илјада луѓе. Ве молам не чекајте да ви ги бомбардираат куќите“, објави Хајдај во својата порака.
Во градот Рубижне родолжуваат уличните борби, а има и прекини во водата и гасот, соопшти Народната милиција на Луганската Република.
„Под ударите на единиците на Народната милиција, украинските милитанти го напуштаат градот Рубижне блок по блок. Сепак, нацистите продолжуваат да ги уништуваат станбените згради и инфраструктурата на градот, создавајќи хуманитарна катастрофа“, објави во неделата милицијата на ткн Луганска Народна Република.
Според локалните жители, во градот нема гас, а жителите на градот готват храна на огнови. Тешка е и состојбата со водата – нарушено е централното водоснабдување.
Народната милиција стигна до Рубижне на 13-ти март и оттогаш презеде контрола над поголемиот дел од градот. На периферијата продолжуваат борбите со украинските безбедносни сили. Југоисточно од Рубижне се наоѓаат Северодонецк и Лисичанск, единствените поголеми населби во ЛНР кои се под власта на Киев.
Украинските власти оценија во саботата дека руските сили забрзано се повлекуваат од истокот на земјата, во прв ред од околината на главниот град Киев, за да се прегрупираат кон истокот и југот на земјата. Претходно Русија соопшти дека ја концентрира офанзивата во доминатно руската и рускојазичната област Донбас, во која е и Лиганскиот регион, кој од 2014 година е под контрола на сепаратистичките проруски сили и која е предмет на мировните преговори меѓу Москва и Киев.
„На 31-ви март, ослободени се повеќе од 90 отсто од територијата на Народна Република Луганск“, објави владата на регионот кој прогласи независност по превратот во Киев во 2014-та кога ѝ беше назначен неизбран гуверенер а рускиот јазик беше укинат како официјален, а чијашто независност Русија ја призна по осум години непосредно пред почетокот на нејзината офанзива,
Пред почетокот на руската операција, проруските милици контролираа околу третибна од териториите на Доњецк и Луганск, односно 8.900 од 26.500 кондвадатни метри од Доњецк и 8,400 од 26.700 квадратни метри од Луганск.