Украинскиот парламент денеска гласаше за разрешување на двајца високи функционери кои имаа клучни ресори за воената економија, вицепремиерот за инфраструктура и министерот за земјоделство.
Мнозинството од 272 пратеници гласаа за смена на вицепремиерот Олександар Кубраков, кој ја надгледуваше програмата за реконструкција и се залагаше за напорите за обновување на водните патишта на Црното Море за време на де факто руската блокада.
Претставниците ја прифатија и оставката на министерот за земјоделство Микола Солски, против кого се води истрага за наводна вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште, но 44-годишникот ги негира обвинувањата.
-Владата сега има пет празни министерски места, рече Олексеј Хончаренко, претставник од опозициската партија Европска солидарност.
Во актуелната влада има повеќе од 20 министерски ресори. Со оглед на тоа што петгодишниот мандат на Зеленски завршува овој месец, а изборите не се закажани поради војната, некои политичари го повикаа наместо тоа да формира влада на национално единство.