Украина регистрира околу 80.000 потенцијални воени злосторства на Руси

Украинскиот главен обвинител Андриј Костин им рече на американските претставници дека неговата канцеларија регистрирала околу 80.000 случаи на потенцијални воени злосторства и оти до денес се осудени 31 Русин за воени злосторства во украинските судови.
Костин им посочи на членовите на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом дека неговата канцеларија исто така идентификувала 310 потенцијални извршители на злосторства и оти „завршил случаи против 152 потенцијални воени злосторници“.
Тој изјави дека некои предмети се водат во отсуство бидејќи ги идентификувале сторителите и имаат целосни докази, но сè уште чекаат да видат дали ќе ги фатат осомничените. Додаде дека наведените случаи „се малку подолги поради процедурални ограничувања“ и ја повика меѓународната заедница да сподели разузнавачки информации за да помогне во работата на неговата канцеларија во осудувањето наводни воени злосторници, истакнувајќи дека тие идентификувале уште илјадници, но немаат целосни докази за да ги осудат тие наводни криминалци.