Украина, Романија и Молдавија потпишаа договор за безбедносни прашања за Црното Море

Украина, Романија и Молдавија потпишаа договор за соработка за безбедносни прашања и руски закани во регионот на Црното Море.

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску рече дека Русија е „најдиректната и најсериозна закана“ за безбедноста на Црното Море.

Покрај безбедносните прашања, на конференцијата се разговараше за слободата на трговијата и енергетскиот транспорт.