Руската мобилизација беше предвидлив чекор кој ќе се покаже крајно непопуларен и покажува дека војната не се одвива според планот на Москва, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак, а западните функционери сметаат дека пораките на рускиот претседател Владимир Путин се закани го претставвуаат загрижувачка ескалација.
Подолјак во текстуална порака за Reuters напиша дека во средата рускиот претседател Путин „се обидува да ја префрли вината за почеток на индиректната војна и сѐ полошата економска ситуација во Русија на Западот“.
Рускиот претседател во средата во обраќањето до нацијата, со која ја прогласи делумната мобилизација на околу 1 отсто од 25-те милиони на руските воени обврзници подложни на мобилизација, порача дека Русија „доколку Западот продолжи со нуклеарните уцени, ќе одговори со сета моќ на својот арсенал“.
„Доколку територијалната целост на нашата земја биде загрозена, ќе ги користиме сите расположливи средства за да ги заштитиме нашите луѓе, тоа не е блеф“, рече Путин во телевизиското обраќање.
Рече дека целта на „специјалната воена операција“ во Украина е да се „ослободи“ источниот украински регион Донбас, населен доминантно со руско и рускојазично населени, и дека повеќето луѓе таму не сакаат да се вратот „под јаремот“ на Киев.
Русија досега, според процени на воени аналитичари, во инвазијата во Украина, употребила околу 110.000 војници од само два воени окрузи. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, изјави дека должината на боиштето е над илјада километри, и оти со мобилизацијата се опфатени 300.000 резервисти кои веќе имале отслужен воен рок и ќе минат дополнителна обука, додека со неа не се опфатени студентите и оти регрутите не се упатуваат на боиштетот.
Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек оцени во средата дека делумната мобилизација што ја спроведува Русија, претставува „натамошна ескалација“ на судирот во Украина на што „германската влада го разгледува својот одговор“. Според Хабек тоа е „уште е еден лош и погрешен чекор на Русија, за кој секако ќе разговараме и политички ќе се консултираме за тоа како да одговориме“.
Говорот на рускиот претседател бил „загрижувачка ескалација“ и „заканите што ги упати“ мора сериозно да бидат сфатени, изјави за Sky News британската потсекретарка за надворешни работа Џилиан Киган.
„Јасно е дека тоа е нешто што би требало да го сфатиме многу сериозно, бидејќи, знаете, ние немаме контрола – не сме сигурни ни дека тој има контрола, стварно. Ова е очигледна ескалација.
„Тоа е морничаво.. Тоа е сериозна закана, но закана којашто веќе беше упатена. Целото обраќање беа нови лаги на Путин, тоа беше повторно пишување на историјата“, рече Киган во друго интервју во средата за BBC, без да прецизира во што се состои заканата за Западот од Путин.
Кинеското министерство за надворешни работи, на барање на западните медиуми да го коментира обраќањето на Путин, одговорило дека Пекинг ги „повикува сите страни да се посветат на дијалогот и консултациите и да пронајдат начин да одговорат на безбедносните прашања на сите страни“.