Украина самата мора да ги одреди условите за мир со Русија, порача Столтенберг

НАТО ѝ дава поддршка на Украина, но Киев самиот мора да го одреди условите за постигнување мир со Русија, изјави во вторнико генерласниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки.

„НАТО обезбедуваше и сега ѝ дава поддршка на Украина… Ќе продолжи да да дава поддршка, бидејќи она што го гледаме е апсолутно неприфатливо… За останатото, владата на Украина и претседателот Зеленски, народот на Украина, треба да одлучат какви мировни услови ќе услови прифаќаат“, рече Столтенберг.

Претходно во вторникот украинските претседател Владимир Зеленски рече дека на Украина ѝ се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат докрај“ кога станува збор за безбедносните гаранции.

За членството во НАТО, Зеленски рече дека Украина ќе се приклучи на воената алијанса дури и ако Русија го постави како услов за мировни преговори неприклучувањето на Киев кон Алијансата.

„Ако утре ни биде понудено членство во НАТО без да ги ризикуваме животите на нашите граѓани, тогаш ќе се приклучиме“, додаде Зеленски.

Кон крајот на март во интервјуто за три руски независни медиуми, Зеленски порача дека Украина е подготвена да разговара за тоа да прифати статус на неутрална држава како дел од мировниот договор со Русија, а за тоа се потребни гаранции од трета страна и потврда на референдум.

„Безбедносните гаранции и неутралноста, ненуклеарниот статус на државата. Ние сме подготвени на тоа. За таа точка од преговорите се разговара темелно“, рече Зеленски на 27-ми март.