Украина шокирана од некои изјави од САД

Украинските власти беа шокирани од предупредувањата на лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Меккарти дека помошта за Киев би можело да биде скусена по американскиот избори на средина од мандатот во ноември, пишува Financial Times.

„Да бидам искрен, бевме шокирани кога ги слушнавме овие коментари од господинот Меккарти“, го цитира весникот шефот на украинската владејачка партија Слуга на народот, Давид Арахамија.

Додал дека изјавата на Меккарти го изненадила, бидејќи лично се сретнал со конгресменот во текот на неодамнешната посета во Вашингтон и бил убеден дека ќе продолжи големата американска помош за Украина и натаму.

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјавил дека во Киев сметаат на „постојана двопартиска поддршка“ од САД.

Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат на почетокот на ноември, на кои се предвидува според анкетите победа републиканците. Во тој случај, Меккарти би станал претседател на Претставничкиот дом. Според неговите изјави, Украина е важна, но не треба да биде единствениот проблем на Вашингтон и оти не може да смета на неограничена помош, се потсетува.