Украина соборила 13 дронови и 12 ракети истрелани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 12 од вкупно 16 руски ракети, како и сите 13 беспилотни летала кои ја нападнаа земјата, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на украинските воздухопловни сили.

По втор пат оваа недела, Русија изврши масовен напад врз критичната инфраструктура во различни региони на Украина, се додава во соопштението.