Украинската војска во петокот соопшти дека е во „многу тешка“ ситуација на бојното поле во близина на источниот град Часов Јар, но ги негираше тврдењата на Москва дека руските сили стигнале до периферијата на градот.
Руските сили полека но континуирано напредуваат на истокот откако во февруари го освоија долгогодишното утврдено упориште на источна Украина – Авдиевка. Украина се обидува да вкопа сегашните одбранбени позиции, но истакнува дека се соочува со недостиг од артилериски ракети додека американскиот Конгрес со месеци не може да одобри воена помош. Но Киев, исто така, има недостиг од резерва во жива сила, поради што претседателот Володомир Зеленски претходно седмицава го поддржа нацртот за симнувањето на границата за мобилизација од 27 на 25 години.
Брзото заземање на Часов Јар, град со предвоено население од 12.200 лоциран западно од долгогодишниото утврдено украинско упориште Бахмутк оје ланскиотмај гоз азем аарускитевојски, би претставувало нов стратешки неуспех за Киев и сигнализирање на растечкиот руски налет на бојното поле.
Руската новинска агенција РИА цитираше официјален претставник на Министерството за одбрана дека руските трупи влегле во предградието Часов Јар, кое Москва го гледа како важно упориште за добро утврдените украински сили.
Андриј Задубини, портпарол на Источната команда на Украина, рече дека руските наводи се невистинити.
„Ситуацијата таму е многу тешка. Борбите продолжуваат, но тие (руските војници) ги нема. Не верувајте во руските извештаи“, рекол Зарубин во телефонски разговор.
Градоначалникот Серхиј Чаус во четвртокот ја опишал ситуацијата во Часов Јар како најтешка откако Русија ја започна својата инвазија пред повеќе од две години.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија можеби планира нова офанзива против Украина на крајот на мај или на лето, но дека Киев има план против тоа.
Русија ги засили своите воздушни напади со долг дострел врз енергетската инфраструктура во последниве недели, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои делови од земјата.