Украинската војска објави денес дека го убила командантот на руската Црноморска флота во нападот на нејзиното седиште кое се случи во петокот во Севастопол, на Крим.
„Украинските сили за специјални операции соопштија дека адмиралот Виктор Соколов загинал со уште 33-ца руски офицери во еден од најхрабрите украински напади од почетокот на војната“, објавија украинските сили на Телеграм, не давајќи никакви докази за тврдењето.
„Сто и пет други лица се повредени. Зградата на генералштабот е непоправлива“, се тврди понатаму.
Агенцијата Франс прес истакна дека не може да ги провери овие тврдења, додека Москва речиси никогаш не известува за загубите во Украина, дури и кога станува збор за високи офицери.
Русија во петокот јави дека само еден војник исчезнал по нападот во кој беше оштетено седиштето на Црноморската флота.