Украинските разузнавачки служби извршија десант на Крим со помош на морнарицата. Тие се судрија со руските сили, соопшти Киев.
„Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а уништена е и руска воена опрема. Сите цели и задачи се исполнети. Ниту еден Украинец не е повреден“, се наведува во соопштението на Украинското воено разузнавање, објавено на Telegram.
Во соопштението се посочува и дека е истакнато и украинско знаме.
Тврдењето за десантот на Крим не е потврдено од независни извори, а Москва се уште не коментирала.
Доминатното руско население на црноморскиот полуостров Крим по превратот во Киев во 2014 година со два референдума се реши да ја врати укинатата автономија со осамосстојувањето на Украина, и да се врати во составот во Русија од која е со декрет пренесен во составот на Украина во тогашниот Советски сојуз. Киев и меѓународната заедница не ги признаваат овие референдуми и го смета тоа за нелегално руско анектирање на украинска територија.