![kuleba](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/kuleba.jpg?resize=696%2C425&ssl=1)
Во НАТО решиле да се откажат од условите според кој Украина мора да учествува во Акцискиот план за членство (МАP) кој ги поставува целите кои треба да се постигнат пред придружувањето на Северноатлантскиот воен сојуз, изјави во понеделникот украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба
Шефот на украинската дипломатија Кулеба ден пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус изјави дека таквиот потег би го скусил украинскиот пат кон членството во Алијансата.
„По интензивните преговори, членките на НАТО постигнаа консензус Акцискиот план за членство да се отстрани од украинскиот пат кон членството. Ја поздравувам оваа долго очекувана одлука којашто го скратува нашиот пат кон НАТО“, напиша Кулеба на Twitter.
Од НАТО веднаш не ја коментирале за Reuters изјавата на Кулеба.
Челниците на Алијансата во вторник и среда во литванската престолнина Вилнус ќе се обидат да ги пребродат поделбите за украинските напори за членство во воениот блок, додека Украина се справува со руската инвазија.
Киев сака да прими јасна покана за пристапување во НАТО, откако ќе заврши војната и е надева дека дотогаш ќе добие безбедносни гаранции.
Рускиот претседател Владимир Путин проширувањето на НАТО кон границите на Русија последните две децении ја наведе како една од главните причини за почетокот на инвазијата во Украина на 24-ти февраури 2022 година.
Се чини дека голем број земји членки на Алијансата пред самитот го поддржале предлогот на Велика Британија на Украина да ѝ се овозможи да ја прескокне програмата Акцискиот план за членство која поставува политички, економски и воени цели кои земјите кандидатки треба да ги остваруваат и кои другите поранешни комунистички држави мораа да ги исполнат пред да му се приближат на блокот.
Алијансата со таквиот потег би можела да одговори на барањето да стори повеќе од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, со кој на Украина ѝ беше порачано дека со текот на времето ќе стане членка , но не ѝ беше понудена вистинска покана, ниту временска рамка.
„Исто така, ова е најдобар момент да се понуди јаснотија во врска со поканата за Украина да стане членка“, напиша Кулеба на Twitter.