Украина објави дека ги одбила нападите од руските сили кои наводно се обиделе да ги преземат позициите коишто ги напуштија претходно во околината на градот Бахмут на границата од доминантно рускиот југоисточен регион Доњецк, каде што и двете страни дека на спротивната ѝ нанеле огромни загуби.
Евгениј Пригожин, шеф на приватната воена компанија „Вагнер“ која е медиумски најзастапена во операциите во Бахмут како предводник на руските напади, на платформата за комуникации Telegram објави дека „тешките крвави борби за Артјомовск“ (рускиот назив за Бахмут) и натаму траат и дека неговите борци се на чекор од целосно заземање на добро утврдениот град под кој се наоѓаат големи стратешки тунели, а она што таму се наоѓа очигледно е многу важно за двете завојувани страни.
Претставник на минофрлачка единици од Бахмут за Reuters рекол дека напредувале оваа седмица, но дека се соочуваат со тежок оган од руските сили, за коишто се чини дека имаат значителна предност во бројноста и залихите од муниција.
„Огнот оваа седмица беше интензивен. Нашите сили малку напредуваа, застанаа близу каналот. Тешко е да се потиснат (Русите) од тука“, рекол војник со повикувачки прекар „Медвед“.
Припадниците на единицата рекле дека дневно трошат околу 100 парчиња минофлрачка муниција гаѓајќи ги руските позиции.
Украина тврди дека оваа седмица малку напредувала на страничните позиции на градот, дури и кога руските сили биле близу освојување на самиот град. Германскиот весник Bild, пак, неодамна објави дека Бахмит „ќе падне“ веројатно викендов, а Пригожин објави дека украинските сили контролираат малку повеќе од само еден процент од територијата на градот.
Заменичката на украинскиот министер за одбрана Хана Малјар изјави дека руските сили „освоиле нешто територија“ во Бахмут, но дека немаат контрола над градот.
„Екстремно жестоките борби во бахмутското подрачје и натаму траат. Непријателот не може да победи со квалитет па се обидува со квантитет“, објави Малјар на Telegram и додаде дека Русија го зголемила бројката на своите војници и количеството муниција.
„Стапката на напредување на нашите војници во предградијата на Бахмут денска е нешто намалена. Истовремено, непријателот не може да ги врати загубените позиции, нашите војници ги одбиваат сите непријателски напади во таа област“, тврди Малјар.
Последните месеци западните воени аналитичари почнаа да ја минимизираат важноста на Бахмут, наспроти претходните нивни тврдења и тврдеа дека руската војска изгубила десетици војници во борбите за градот. Во март американскиот весник The Wall Street Journal објави дека украинските офицери признаваат дека во борбите со руските сили последните месеци кај Бахмут, еден од трите градови кои сѐ уште се под контрола на Киев во одметнатиот проруски источен регион Доњецк, тешки загуби претрпеле неколку од најобучените единици на украинската војска. Уште во декември американските медиуми пишува дека Вашингтон ги советувал украинскиот државен и воен врв да ги повлечат преостанатите единици од градот Бахмут и да ги сочуваат за долго планираната пролетна противофанзива. Сега, пак, во истите медиуми се коментира за наводна стратегија на украинскиот воен врв со која руските единици загубиле голем број војници.
Руските воени аналитичари наведуваат дека самите власти во Киев го претвориле Бахмут (Артемјовск, на руски) во еден симбол, што може да претставува нивна „трагична грешка“. Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.