Украина тврди дека погодила два руски десанти чамци во напад на Крим

Украинската војска рано во неделата соопшти дека нападите на црноморскиот полуостров Крим каде руското мнозинство по превратот во Киев во 2014 година си ја поврати укинатата авторномија и одлучи да се врати во составот на Русија од која администретивно е тцепен во 2915-те години во ерата на СССР, погодиле два големи руски амфибиски брода, центар за комуникации и друга инфраструктура што ја користи руската морнарица во Црното Море.

Агенцијата Reuters пренесувајќи ја оваа информација наведува дека не можела да ги потврди наводите од незаввисни извори.

Во соопштението на украинската страна, имено, не е опишано како биле погодени целите, но локалните руски власти потврдија дека се случил масивен украински воздушен напад и дека противвоздушната одбрана соборила повеќе од 10 проектили над кримското пристаниште Севастопол. Градот Севастопол и неговата околина е историско седиште на руската Црноморска флота и секогаш уживал екстериторијалност во полза на Русија.

„Одбранбените сили на Украина успешно ги погодија големите амфибиски бродови ‘Азов’ и ‘Јамал’, комуникацискиот центар и неколку инфраструктурни објекти на руската Црноморска флота во привремено окупираниот Крим“, се тврди во соопштението на украинската војска.

Михаил Развожаев, гувернерот на Севастопол, на комуникациската платформа Telegram објави дека транспортната инфраструктура, вклучително и патничките бродови, е делумно оштетена.

„Од шесте бродови, пет се со скршени прозорци… Во текот на денот ќе бидат заменети и вратени во функција прозорците на оштетените бродови“, додаде. Развожзаев рече и дека во ноќните напади биле оштетени три патнички автобуса, 13 училишни автобуса и еден тролејбус.