Руски проектил рано утринава го погоди породилното одделение на болницата „Вилњанска” во близина на Запорожје, објави на Телеграм регионалниот гувернер Олександр Старук.
Според него, во нападот е убиено новороденче.
Тага ни ги исполнува срцата – бебе кое штотуку се појави на светот е убиено. Спасувачите работат на лице место, напиша Старук на Телеграм.