Украина тврди дека Русите се обидуваат да преземат контрола врз уште една нуклеарна централа

Руските власти се обидоа да ја преземат контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје, изјави шефот на украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.

Руските сили му кажале на украинскиот персоналот дека електраната сега и припаѓа на руската државна компанија „Росатом“, изјави шефот на „Енергоатом“, Петро Котин. Додаде дека десет претставници на „Росатом“, вклучително и двајца високи инженери, потоа неуспешно се обиделе да влезат во централата и да го преземат управувањето.

„На територијата на нуклеарната централа има околу 500 руски војници со автоматско оружје. Нашиот персонал е во исклучително лоша психичка состојба“, подвлече Котин.

Истовремено Главната управа за разузнавање на министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира наводно терористички напад врз Чернобил, згаснатата нуклеарка по катастрофата во 1986 година којашто е

„Според достапните информации, Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста на Украина“, се вели во соопштението.

Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Во последните денови, руските трупите за заземаа најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.

„Окупаторите се обидуваат да создадат лажни ’докази‘ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители“, се вели во соопштението