Украина тврди дека убила десетици Руси во гранатирање на Херсон

Украинската војска соопшти во саботата дека наводно убила десетици руски војници и уништила две складишта со оружје во гранатирања за кои тврди дека се борби во регионот Херсон, која е клучна врска за поврзување на териториите под контрола на проруските сепаратисти и руските единици на југот на Украина.

По неколкунеделните  гранатирањата кои ги изведува по добивањето од САД на ракетните повеќекратни системи HIMARS Киев ги претставува како противофанзива на украинската војска, во саботата се тврди дека сообраќајот до Херсон преку реката Дњепар е прекината. Според јужната команда на украинската армија, тоа „потенцијални дополнително ги изолира“ руските сили западно од реката од снабдување од Крим и Донбас.

Според процените на британското разузнавање во неколкунеделните гранатирања украинската војска оштетила три моста на Дњепар, наводно отсекувајќи го градот Херсон со што 49-та руска војска на западниот брег станала „високо ранлива“.

Руската војска уште претходно седмицава соопшти дека снабдувањето и транспортот преку Дњепар се одвива преку повеќе понтонски мостови и со траекти.

„Како резултат на огнот кој воспостави контрола над главните сообраќајни врски на окупираната територија, утврдено е дека сообраќајот преку железничкиот мост преки Дњепар не е можен“, се наведува во соопштението на украинската јужна команда но факт е дека не станува збор за фактичка контрола над областа низ која минува железничката линија.

Во соопштението се наведува дека повеќе од 100 руски војници наводно биле убиени, како и седум тенкови уништени во петокот во регионот Херсон, кој е под контрола на сепаратистите и руските единици набрзо по започнувањето на руските напади.

Првиот заменик на шефот на регионалниот совет на Херсон, именуван од Киев како и изминатите осум години, Јуриј Соболевски, им порача на жителите да ги избегнуваат руските магацини со оружје.

„Украинската војска се бори против Русија и ова е само почеток“, го повтори Соболевски на Telegram како и пред две седмици.

Според Дмитро Бутрија, именуваниот од Киев гувернер на регионот Херсон, кој инаку целосно е под круска контрола, округот Берислав бил особено тешко погоден. Берислав се наоѓа преку Дњепар, северозападно од хидроцентралата Каховка.

„Во некои села ниедна куќа не остана цела, целата инфраструктура е уништена, луѓето живеат во подрумите“, напиша Бутрија на Telegram по украинското гранатирање на украинското село.

Агенцијата Reuters не може независно да ги провери извештаите од Киев, а од руската администрација на Херсон и од Москва ги отфрлаат таквите тврдења и наведуваат дека линијата на фронтот не е пробиена.