Украинското Министерствот за одбрана информира за руски загуби од почеток на војната. Според нивните информации од 24 февруари до денеска, Русија загубила околу 14.200 војници.
Што се однесува до воената опрема, министерството наведува дека украинските сили уништиле 450 руски тенкови, 1.148 борбени оклопни возила, 205 топовски екипи, 93 авиони, 112 хеликоптери, 879 моторни возила.
За потсетување, вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Русија трпи големи воени загуби.