Украина тврди: Досега се убиени над 7.000 руски војници

Во Украина досега се убиени повеќе од 7.000 руски војници, изјави Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Стотици руски војници се наоѓаат во заробеништво, додаде Арестович.

Претходно руското Министерство за одбрана првпат ги објави бројките за своите загуби, а тие очекувано се разликуваат од украинските податоци. Имено, Москва извести дека за време на инвазијата досега се убиени 498 руски војници, а 1.597 се повредени.