Снабдувањето со електрична енергија е прекинато речиси во целата земја, изјави премиерот на Украина, Денис Шмигаљ и најави вонредно исклучување во четири области, вклучувајќи го и Киев.
„Десетици ракети погодија објекти на енергетската инфраструктура во 11 региони и Киев. Снабдувањето со електрична енергија е во прекин речиси во целата држава. Проблеми со водоснабдувањето има во осум региони. Распоредот за итно исклучување е воведен во регионите Киев, Чернихив, Черкаси и Житомир“, напиша Шмигаљ на својот канал Телеграм.
Според Националната полиција на Украина, 29 објекти од критична инфраструктура биле оштетени во рускиот ракетен напад.
Во Украина делумно во прекин е снабдувањето со електрична енергија во 15 области, соопшти Државната служба за вонредни состојби на оваа земја.
„Снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во 15 области: Лавов, Ивано-Франковск, Черновци, Хмелницки, Житомир, Виница, Киев, Кироворад, Николаев, Дњепропетровск, Запорожје, Полтава, Харков, Сумска, Тернопол“, се наведува во соопштението.