Украина веројатно нема да може да изведе противофанзива до 2025-та, пишува WSJ

Украина, најверојатно, нема да може да организира уште една сериозна противофанзива пред 2025 година, пишува американскиот весник The Wall Street Journal.

Скапата, повеќемесечна кампања чијашто цел е исфрлање на руските трупи од окупираните украински територии заврши си минимални промени на линијата на фронтот, констатира весникот во споменатиот напис во врска со украинската противофанзива започната во јуни.

Констатацијата на весникот се надоврзува на сѐ почестите изјави до претставници на западните сојузници на Киев, но и од украински функционери, дека противофанзивата, во најмала рака, дошал во ќорсокак.

Во написот на WSJ се додава дека украинските сили сега се подготвуваат за долг период на руска офанзива, а западните дипломати и воени стратези велат дека „на исцрпената Украина ѝ е неопходно време за да се опорави“. Исто така, се забележува дека властите во Киев „можеби нема да можат да организираат уште една сериозна противофанзива до 2025“ година.

Претходно седмицава, на 4-и декември, уште еден влијателен американски весник – The Washington Post објави обемен материјал за тоа зошто не успеала украинската противофанзива. Меѓу другот, во написот се нагласува дека при планирањето на операциите на украинските трупи имало силни несогласувања меѓу американските и украинските власти околу стратегијата, тактиката и тајмингот на изведува на борбените дејствија.

Истовремено, разузнавачката заедница на САД уште прелиминарно ги намалила своите очекувања од противофанзивата, се забележува во написот.

Изворите посочиле дека уште првите обиди на украинските сили да напредуваат во регионот на Запорошката област, кои започнале во јуни, биле спречени од дејствувањето на руските хеликоптери, беспилотни летала и противтенковски системи, а за многу борци на украинската восјак тоа преставувал „нивниот прв шок“ доживеан на боиштето.

Според податоците на весникот, една од бригадите на украинската армија којашто учествувала во првите налети на противофанзивата, во 70 отсто била составена од борци кои никогаш претходно не учествувале во борбени дејствија.